свој (прид.) - чекор (имн.)

Балканството останува утопија, но секој во животот треба да го направи својот чекор кон можниот излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арсо се пробиваше, ги вкрстуваше своите чекори со многуте чекори на другите и чувствуваше и му се чинеше дека тоа се многу чекори на неговите сопствени нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште малку и воените патроли ќе се искожурчат и по такт на својот чекор ќе ја пцујат влагата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу тој го сети и во својот чекор нејзиниот недостиг, но тоа воопшто не беше во состојба да измени нешто од неговата решеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стануваш дел од некоја општа, заедничка раздвиженост за која дури не си ни свесен, се додека во одреден момент не се соочиш со заморот или со некое од правилата што господарат со нашето однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поточно немаш можности да го почувствуваш својот чекор, одењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
– Токму јас прогонет да бидам од секоја вистина! Единствено будалетинка сум! Единствено поет!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаеше секој свој чекор, и оној што го згрешила а и тој, што не морала да го стори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Единствено небото кое се пружа мадро не само над мене ја знае вистината: немоќно да се огледа во водите на земјава снагата да си ја опфати и ликата своја чекорот си го продолжува потаму во безсознание надоврзувајќи се на себеси без крај надоврзувајќи се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)