свој (прид.) - вистински (прид.)

Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”.  За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа не е ново прашање бидејќи ги вознемирува луѓето откога нашите очи станале недоверливи, значи барем од предсократовските времиња навака, иако својата вистинска острина ја добива со почетокот на новото доба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Стариот пак уште повеќе се наоструваше против него и потсеќаваше на оние диви ѕверки што биле припитомени извесно време, но потоа нагло, поради една или друга причина ги напуштаат привичките на питомоста и пак се настрвуваат и пак ја наоѓаат својата вистинска природа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секако дека тоа не е сериозно прашање, зашто нè вознемирува откако нашите очи станале неверни, значи барем од предсократовците наваму, иако ја добива својата вистинска острина дури на почетокот на новиот век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Лео Барнет и луѓето од неговата агенција конципираа кампања базирана само на слики на мажи кои изгледаат или се занимаваат со работи што се симболи на машкоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
КРЕИРАЊЕ НА ИМИЏОТ НА МАРКАТА
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Методава својата вистинска промоција ја имаше во текот на педесетите години кога, во тоа време не толку славниот пропагандист со име Лео Барнет добил работа да ја промени сликата на потрошувачот за еден вид цигари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Суштествата не се раскриваат зад границите на самите себе, едноставно, се чини тие едвај ја дочекаа оваа нова перспектива за да го заземат своето вистинско место.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поезијата (онаа што верува дека ни служи) можеби е дом за духот на страдалниците: за заборавените во широкото поле на зимата пред големата порта на студот; За исправените и скрбните пред заканата на пријателот штотуку здружен со демонот Поезијата е дом и за нас до вчера сè уште без татковина Затечени на половина пат до својата вистинска последна незаменлива љубов.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе ништо не беше на своето место и во фокусот; нештата не беа во својата вистинска и природна форма.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да го изговориш тоа значи да признаеш дека ти и предметот на твојата љубов сте недостојни за сериозното сфаќање што му следува на мажественото достоинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете што ти е тоалетното креденче... Тоа кремчиња за лице и дневни шампони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш одите кај него на Апер Маркет и од петни жили стискаш да не одиш во тоалет, зашто тоалетот е тужибабата, мечтоубиецот...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А на казанчено секогаш ги имаат оние, златнине тацнички, да им се сневиди, со куп шарени топчиња сапун!321 Кој да знае дека шарени топчиња сапун можеле до толку да бидат смрт за вистинска љубов? ‌‌Токму во овој контекст штосот на другар ми дека и дечко му и тој ќе копнееле по венчаницата ја открива својата вистинска значајност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве, ова го очекуваат луѓето од религијата – ваква родителска заштита,“ рече Зигмунд, покажувајќи кон сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата што Густав ги имаше со нив за него беа плод на еден кус и во потполност завршен чин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од него забремениле жени кои изгледале десетина години постари од својата вистинска возраст и кои го чистеле неговото атеље, девојки кои биле модели за неговите слики, работнички кои ги среќавал кога доцна попладне, уморни, од фабриките се враќале дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали заповедниците и крвниците на современите масовни општества (...) се здобиле со својот легитимитет меѓу другото и со овие “литерарни” аморалистички мании на надреалистите и нивните предци?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа не може туку-така да се тврди, но маниризмот во секој случај ја загуби својата вистинска, сè уште религиски врзана моќ за спротивставување на хибридната сила тогаш кога доаѓа до преклопување меѓу “лудилото” на хибридната моќ и “лудилото” на хибридната анти-моќ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На враќањето царот го догледал момчето искачено на каменот како гледа во далечината, а говедата наоколу пасат трева.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му ја кажал вистината за неговото потекло...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веднаш царот ја прегнал својата кочија и кинисал по царството да го бара својот вистински син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На вечерната забава, оние кои уште во автобусот го фрлија мамецот ја чекаа својата вистинска шанса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се радуваше на секој свој вистински заграб, на секое свое движење, исто како и на секое спуштање на онаа побеснета и на мигови чиниш до невидливост полетана плоча на пилата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо беше таму - во својата вистинска реалност, во својот поминат свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој оној кој ќе го постигне најблискиот ефект на својата вистинска природа, станува генијалец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Прифатена е дури и извесноста на смртта, во војна и колежи, само за да не се дојде до соочување со себе, со својата вистинска цивилизациска мерка.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ѝ го откри своето вистинско име доверувајќи ѝ се дека тој на таа тема пишува роман, дека најверојатно Паца, под друго име, во неговиот роман ќе има значајна улога.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите предмети што ги распозна пред тоа, го добија својот вистински облик со нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прочитан си! Сѐ е сведено на својата вистинска мерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби ја упатувам по грешни патеки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Можеби јас самиот и не ја поседувам својата вистинска желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
DD ПТ: Мислите на големата слика каде претставите се поставени обратно и во својата вистинска позиција? DD ЕВ: Токму на нив. DD ПТ: Чудно е, бидејќи, обично сме навикнати да гледаме по еден Исус истовремено.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само мртвата глава има конечен изглед: свртена е во своето вистинско лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)