свој (прид.) - воен (прид.)

Знаеја: по заминувањето ги очекува онаа иста еднолична, монотона работа во своите воени кабинети и институти, крај своите воени карти со заокружената потесна локација на своите задолженија и проучувања - Балканот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Плачеше. На белата хартија стоеше дека треба да се пријам во својата воена единица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност, во своите воени почетоци, ВР не е потполно интерактивна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Слегуваа од планините со своите воени единици, ги преземаа градовите, луѓето ги пречекуваа како своја војска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сè до октомври 1943 година, на територијата на Македонија Британците немале свои воени мисии и агенти кои би можеле непосредно да видат и да известат што навистина се случува.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но секако биле свесни дека е неизбежен идеолошкиот судир со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, за разлика од Американците, Британците имале свои воени мисии и на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, во периодот од јануари до септември 1944 година, тимови што биле составени од еден британски СОЕ војник, еден американски ОСС војник и еден офицер од земјата во која биле испратени, биле упатувани во земјите на окупирана Западна Европа за да ги помогнат движењата на отпорот и да ги координираат заедничките операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што САД интересот за Балканот ѝ го остапиле на Велика Британија, сепак, со одделувањето на своите воени мисии од британските и со настојувањето да имаат свои разузнавачи во Југославија и во федерална Македонија зборува дека САД постепено го започнале своето инволвирање во политичките работи на Балканот, иако тоа било само "срамежливо" покажување интерес за работите што се одвививале на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Американците биле свесни дека Британците не се искрени во нивните информации за она што се случувало на територијата на Кралството Југославија и пошироко во рамките на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 10 јануари 1944 година, Одделот за специјални операции и „Лондонската група“ се фузионирале во Главен штаб на специјалните сили, под чија команда ги изведувале своите воени операции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)