свој (прид.) - добар (прид.)

Ја загубив желбата да ги запознавам, со насмеано тресирака климање да им го изустувам моето крстено име (го паметат дури по второто извикување), да ги придобивам со своите добри особини, со настраноста на општокултурноста, да ги гаѓам со моето смртоусно оружје – зборот, да ликувам збунувајќи ги со инаквоста, да им го изнудувам овој-не-е-нормален коментарот, да го собирам ѓубрето од добрите впечатоци што тие зад себе ги оставаат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се викам Стивен Леонард Џонс и имам дваесет и пет години и тукушто дојдов од планетата Земја и сега стојам со своите добри пријатели Регент и Шо, покрај стариот бунар на Марс. 60
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зашто, ако најдобар начин да се избегне компромисот и лагите на апсолутното, е да бидете недостоен кон нив, исто толку е вистина и дека така ризикувате да исчезнете, да го уништите својот добар глас до тој степен никогаш да не го повратите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Заедно со сликата на таблетата оди и листа на тоа од што е составена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нека и натаму во салонот пијат кафе од шарените порцелански филџани од Кина, нека се судираат со своите добри, заситени очи со прекорот на долгото умирање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некои сметаат дека Сандерс, и покрај своите добри намери, дава лоша информација, зашто производителите може веднаш да пуштат на пазарот лоши имитации на таблетите што добиле добри оценки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И на сите оние што со своите добри или лоши постапки придонесоа книгата да биде завршена во јуни годинава... еми.. паа... мислам... ај заборави!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)