свој (прид.) - драг (прид.)

Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оттука својата драга долина ја имаше пред очи како што ја има својата дланка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш, пред 8 Март и вие, добри мои, размислувате што да ѝ подарите на својата драга мајка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)