свој (прид.) - древен (прид.)

Дојдов дома, земав едно од оние знаменца што во тоа време ги ставаа во сладолед, внимателно го потопив под славина за да го одвојам од чачкалицата на која гордо се вееше, па отидов до дневна да дрпнам од лепакот што мајка ми го криеше во својата древна машина "багат" (некој на работа ѝ шушнал дека денешниве млади дуваат лепак, па мајка ми одлучи дека е подобро превентивно да спречи отколку накнадно да лечи).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)