свој (прид.) - животен (прид.)

Татко беше спремен да ја открие тајна за својот животен проект, но внатрешниот порив да молчи, таа инерција на тишината, како одбранбен механизам, и овој пат надвладеа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За другите тоа беше борба за рехабилитација, за него - нешто подлабоко, рамносметка со себе, преценка на својот животен пат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И на Србите и на Бугарите за зачувувањето на својата државна самостојност, за задоволувањето на своите животни државни потреби, секогаш им бил неопходен излезот на Егејското Море”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Балканвавилонци, во таа смисла е една археологија на балканската лингвистика и историја, и во неа е вклучено навистина знаење колку една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Судбоносното место каде ја најде својата животна среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој на свој начин го раскажуваше својот животен времеплов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја раскажува својата животна приказна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ме заморува а постериори да толкувам дека со курсот на оваа магиска дијалектика еден човек-дете жестоко се обидува да ја приврши својата животна игра: ова сакам, ова не, дали е тоа баш се?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Малку подоцна, Г-ѓа Морисон ќе ја запознае младата вереница Г-цата Робертс и ќе ѝ ја раскаже својата својата животна приказна: Во младоста, Марсиа (Г-ѓа Морисон), станува голема оперска ѕвезда во Париз, каде што и живеела.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тие веќе ги научија првите букви од крадечкиот буквар и го полагаа својот животен испит по туѓите куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имаше своја животна мудрост и тоа е причината што од с срце го поздравувам Луан, не само како голем писател, туку и како свој балкански брат!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јагода Михајловска - Георгиева Јас, момчето молња (1989) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 ПОСВЕТЕНО На моите благородни родители, Елена и Благоја, коишто со својата животна ведрина, љубов и мудрост, успеаја моето детство да го престорат во чудесно, блескаво јадро, што ќе се размножува низ моите години, до годините на моите деца и натмау...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но притоа не забораваше на својата животна мисија, на неговата опсесија како да си обезбеди трајно место во историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом ќе почувствуваше дека луѓе на патот нема и никој не ја гледа, си ја продолжуваше својата животна прикаска така како што во умот ѝ доаѓаше и доживувајќи ја со спокој и конечна помиреност: "Господовата правдина никој не ја знае", си велеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А просто ми е незамисливо и несфатливо како е можно тоа, децата што по својот карактер, по својата животна радост се слични на птиците, да им бидат непријатели на овие убави суштества.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Една вечер тој му се довери на Чанга дека пишувајќи за козите, трагајќи по бројни податоци за нивното заедништво со луѓето, се надоврзувал на еден свој животен труд за Историјата на балканските империи, во која биле замешани и козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко првин сакаше Игора Лозински да го запознае со својот животен проект, да ја пишува својата историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но тој беше убеден дека таква Историја никогаш нема да напише, но не можеше ниту да го напушти својот животен проект.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)