свој (прид.) - изгубен (прид.)

Штом ќе му го изнесат кафезот на тераса и птицата ќе почне да пее по својата изгубена слобода, не можам а да не се разнежам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поминаа години и по толку изминато време и живите борци – учесници не без солзи раскажуваат за својата изгубена младост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите мислеа за сите, а секој за своето изгубено чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По неколку денови, откако допатувал во Њујорк, и практично станал непознат писател, Набоков во малиот филозофски есеј „Определби“ ја нарекол Франција бескрајно шармантна земја, каде на рускиот човек му е најлесно да си ја спомнува својата изгубена татковина...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
О, колку бевте во право со вашето тврдење дека темпоралниот и просторниот облик на дистанца, каква што можеше да се има во чудесната Прованса, беше толку драгоцена за да се допре дното на својата изгубена земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)