свој (прид.) - карактеристичен (прид.)

Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оние кои владеат наследници се на сите претходни победници.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Знаев дека тој ќе ни го обели образот”, вели Аптовицер со својот карактеристичен стегнат глас, расположено удирајќи со прстот по весникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полека ги отвора очите. Иако е доцна, не спие.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денес се чини дека не бил помалку важен и за Дишан, кој ретко го спомнуваше Жари, иако е познато дека се восхитувал на делото на овој писател. (Еднаш, објаснувајќи збор во еден од неговите наслови, забележа: „Тоа е како Жариевото ‘ха, ха’ ”.) Всушност, Дишан веројатно користел моменти од делата на Жари во некои од своите најкарактеристични слики и мотиви.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Знаев дека наидуваат по тоа што во носот ќе почувствував мирис на прав што ми допираше до грлото со својот карактеристичен вкус.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)