свој (прид.) - парталав (прид.)

- Заврти над главите од поседнатите луѓе со своето парталаво палто еден од мајсторите и ги разгони, комарците, коишто зас’скаа срдито и се разбегаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој му се потсмеваше сега на оној поган голтар, кој имал преку своите коски да ја преметне само уште својата парталава кожа и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)