свој (прид.) - патријархален (прид.)

Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Барем да беа развиле некоја поетика на (хесиодовските) Работи и денови, не, тие само го беа зазеле владеачкото место и оттаму ја попречуваа светлината со својата патријархална строгост и со догматското безделништво на своето монументално незнаење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)