свој (прид.) - посебен (прид.)

И Луан Старова, на крстопатите помеѓу историското и фикцијата, го освои Париз со козите, со својата посебна уметност...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Покрај главниот, февруар-мартовски Пурим, голем број еврејски заедници славеле и свои посебни пурими, како специфични денови врзани за спас на таа конкретна заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
12 Platikus di Purim посебна чинија за носење на пуримски подароци
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не беше лесно за стариот да се реши, зашто досега никогаш тој не прибрал туѓи луѓе во своја куќа, или подобро речено на своја територија, бидејќи ова катче заградено со поцрнети штици, негдегоде накривени и проретчени, го чувствуваше како некоја своја посебна држава, за суверенитетот на која постојано трепетеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Според една верзија на митот, дури, Прометеј донекаде го губи својот посебен идентитет, стопувајќи се со карпата на која е закован. 56 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа ја преминаа реката по железничките спојници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој со своја посебна еволуција и морфологија, свое место, комплексни случајности.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Минатата недела таа испуши еден џоинт и пиеше текила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никој не треба да биде дискриминиран или омаловажен заради некои свои посебни карактеристики, како бојата на кожата, религијата, националноста, етничката припадност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секоја куќа си ја задржала својата посебна боја, својот посебен изглед, фасада, стил, украс.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ручеците секоја сабота и недела ги подготвуваше речиси на ритуален начин, а гурманите Саво и Виктор секогаш ги изненадуваше со свои посебни деликатеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И нашата куќа крај реката имаше свои посебни празници кои најчесто ги споделувавме со соседите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа беше често отворена и за емигрантите од нашите краишта кои пребегнале преку ѓаволски затворената горница во почетоците на сталинистичките времиња, со намера да заминат во далечните Америка, дури и Австралија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Туристичките места беа испразнети од летните гужви и имаа свој посебен шарм.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знаеше: убавите жени се слични на цветовите: секоја има свој посебен изглед, своја посебна боја, мирис, привлечност.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зарем мораме да кажеме дека некој е пореметен, само затоа што не е во состојба себеси да си обезбеди покрив над главата, или поради тоа што заради некои свои посебни причини сака да живее надвор?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дали е можно на сето тоа да се гледа без автоматската желба проблемот веднаш да се медикализира?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Одамна беше заклучил дека во сонот луѓето заминуваат по некои свои посебни патишта а без да се сигурни каде, па зошто тогаш и тој да не посака да го слушне тоа од Јана?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секоја од нив има име, лик, свој посебен карактер и прилично возбудлив живот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Или ме сфати но на свој посебен начин за кој јас немав, барем тогаш, доволно разбирање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
14 По навлегувањето на германските сили во Романија и по нападот на италијанските сили на Грција, т.е. кога настаните на Балканот се нашле во средиштето на политичкиот и стратегискиот интерес, и покрај тоа што официјално не биле во војна, американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт го испратил на Балканот својот посебен пратеник, полковникот Вилијам Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сепак, таквата балканска федерација, за нејзиното хармонично работење, ќе бара одреден степен на доверба меѓу сите балкански нации за што тие сепак даваат мали докази.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Солуцијата може да претставува комбинација на автономија за населението свесно за својот посебен идентитет со економска слобода на поголема област и со слободен излез на Солун.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка ми еднаш ме праша кој знак во хороскоп е Мила и јас тогаш не знаев да ѝ одговорам, но отпосле дознав дека е Риба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила живее во некој свој посебен свет, тивка и незабележлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)