свој (прид.) - силен (прид.)

Татко убаво слушна дел од одговорот а, со својата силна интуиција, го претпостави целиот шепот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И ен црвеноармеец, млад како тебе, со двете свои силни црвеноармејцки раце ја откина најголемата икона и пљас о огно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О'Брајан го фати за раменици со своите силни раце и се загледа во него од блиску.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Зошто да не одиме да го гледаме бесењето?“ се дереше момчето со својот силен глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Милан повеќе му се допаѓаше кавалерскиот начин на петелот, кој се нафрла врз кокошката, ја приклештува на земја со своите силни крилја и канџи, и така ја остава сета растреперена и накострешена како да е ставена под туш.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само волци кога ќе наближеа кон селото, или аскер ќе втрчаше на своите силни коњи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Овие бомби, што се активирале со палење на фитилот, на отворено немале урнувачка моќ, но затоа биле погодни за правење паника со својата силна бучава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само Отоманската банка со својот силен пламен ја осветлувала престолнината на Македонија и како да се трудела да ја осветли целата земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сакаше таа дистанца да ја смали со својата силна волја и имагинација, со своето верување во мирната разврска на палестинско-еврејскиот јазол.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја гледаше поблизу својата држава во Палестина, отколку што таа беше и реално.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се претпоставуваше тоа прашање како општопознато.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Марио Пико за времето на превратот на генералите во Аргентина го извиши својот силен глас на немирење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак јас продолжив: - Арафат ја водеше палестинската револуција со својот силен вознес на крајот исцрпен од ситните тактизирања, за да биде понесен од лажната стратегија на малите чекори која му беше некогаш наложена како пат на враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каде е Гоце прошеткал со своја силна дружина, каде е Јане извикал, тиранин каде исплашил.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Овие процеси сè уште не беа дел од стварноста, но Татко со својата силна откорнатичка интуиција јасно ги насетуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)