свој (прид.) - скриен (прид.)

Малата градина забрмче со своите скриени, чувствителни тркалца и се придвижи; малите човечиња одеа низ шумата, трчаа преку сончевите лединки, облечени во убаво, сјајно крзно, а среде ситните дрвја лебдеа кусите делови на песната од височините и блескавите, модри и жолти бои што летаа. 35
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали тоа градот ги отвора портите на некое свое скриено детско царство, во кое, меѓу четата весели придружници, го здогледувам својот заборавен лик?.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пред него трговците живо гестикулираа, попот, зацрвенет, истураше навреди и клетви, а тој, од својот скриен агол, мирно ги набљудуваше како смешни, несмасни кукли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)