свој (прид.) - спокоен (прид.)

Таа седеше мирно, чиниш заталкана во своите спокојни и тивки простори. Во душата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XVIII Со својот спокоен чекор, ниту забрзан, ниту забавен, Татко го предводеше малиот ешалон кон вакафот и кон џамијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)