свој (прид.) - тажен (прид.)

Само за миг срцето му беше весело, а во следниот миг му се згрчи во болка кога Рози се сврте и го погледна со своите тажни сини очи и го бакна во чисто избричениот образ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше сосема очигледно дека се подготвила за заминување, облечена во својот тажен капут со боја на јагоди и во едни одвратни чевли кои ѝ ги дадоа од сожалување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А има потоа и такви коишто, прифаќајќи го неиз­ бежното, сепак не брзаат да го достигнат; кои, напротив, наоѓаат дека простувањето поседува свои тажни задоволства (ако тажното задоволство не е забрането) и кои затоа и така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Морам да одам”, рече таа, и ни се насмевна со својот тажен, настојчив поглед, кој потсетуваше на погледот на татко ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Немаа време ниту да седнат. Задушувајќи се во солзи, Марија му раскажа за бедата во болницата, за варваризмот на болничарките, за храната која како да е за кучиња, за бескрајните ноќи во кои не можеше да заспие од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нека, моми, ви докажа својот тажен приказ.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)