свој (прид.) - тежок (прид.)

Најголемата сала на „Долма Бахче“ збунува со својата монументалност и со својот тежок раскош, со богатството кое може да се замисли само во приказните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кроткото спиење беше одраз на нејзината сигурност во себе а будноста на двете црни очи како внатрешни, внимателни стражари, припокриени со своите тешки капи – трепките, беа подготвени да забележат се наоколу.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги брои старецот броениците и врз нив ја држи обесена својата тешка брадосана глава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Изгледаше дека ќе падне и ќе се разлее како влага во влагата, додека коњот ќе продолжи да ја влече својата тешка судбина, незнано некаде во магла и неврат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тоа беше во тоа време, кога животот околу неа течеше со нескротлив тек, кога секое растение беше крунисано со плодови, а гранките на овошните дрвја беа свиени под своите тешки плодови, тогаш болката повторно ја штрекна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Глигор ги раздвижи своите тешки раце и, подигнувајќи го гласот за октава погоре, исто така почна да се смее.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Човечки е да тажиме, синко, - ја положи својата тешка, татковска рака врз неговото раме доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше ни свесен докрај за сето она што се случува околу него и со него, и за својата крајно тешка положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ниеднаш дотогаш не се имаше судрено со нив, но често ги слушал како трескотат по шумата со своите тешки стапки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Групи весели мечиња, парче по парче, го носат својот тежок товар и симпатично збивтаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наблизу, голем градски оркестар свири променадна музика што ечи низ булеварот по кој се одвива парадата на кадифените трудбеници на новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Може да се случи меѓу првите да загинам... Го определувам за свој заменик Онисифора Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите настанаа од своите места, а поп Јаков отиде пред младоженците и почна да ги благословува, ставајќи по една од своите тешки раце на нивните глави: – Да сте благословени, од мене и од Ристоса.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не давајќи ми веќе да зинам, колку што можеше посилно со своето тешко касапско рачиште ме кутна наземи, во новата прав на пролетта што како пламен никнеше од земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа, Иле на луѓето им кажа дека, за жал, уште не може никого да прими во својот дом затоа што допрва треба да ја среди својата таткова куќа, но дека штом смогне сили, ќе им се придружи пред продавницата за да ги распраша како се и како преживуваат во својот тежок „андердивелопмент”.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Оти, вистината е заграб. Вистината е скок. Таа удира со својата тешка рака.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)