сврзан (прид.) - со (предл.)

Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Димензиите на моментот се сосем различни, така на пример, моментот на создавањето на светот во Библијата трае шест (човечки ли? Божји ли? земни ли?) дена, сосем на ист начин како што објективно не се точни изразите: „еден човечки век“ - кој не трае стотина свртувања на Земјата околу Сонцето; - „уф, колку беше долг денот” - кој не потраја подолго од пропишаните 24 часа и цела низа останати изрази и фразеологизми, сврзани со индивидуалните сфаќања на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
РУСЕ и Ѓурѓево ги дели Дунав а се сврзани со голем мост, долг пет километри, со неколку патеки за пешаци и возила и со железничка линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наместа се чини дека овој роман не е дело на човек, туку на цела една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романот е фасцинантна вивисекција на балканскиот дух, предадена низ една интимна фокализација (на дете кое е сведок на интелектуалните разговори на двајцата балкански Дон Кихоти), со чести и луцидни коментари на човек упатен во сите научни области сврзани со балканологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А во своето завршено објаснение, насловено Кон расказите, авторот ќе напише дека во неговата книга: „сите опишани настани се вистински настани, случки сврзани со мојот живот од порано или подоцна“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лежевме така неопределено долго под дрвото; мислам дека веќе и времето изгуби смисла, оти ние говоревме работи што не се сврзани со времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во Козар маало и други кози и јарци носеа имиња сврзани со името на Сталин, но не знаевме дека така се вика и главниот прч на Чанга, кој прв ја загледа нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)