свртен (прид.) - накај (предл.)

Само ти ли имаш глас?! - свртена накај коријата се лути баба Петра во дворот фрлајќи зрна на кокошките и пилињата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Иако беше свртена накај багремите - старицата не ги гледаше веќе чаршафите прострени под нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Други простори гонеше сега нејзиниот поглед - гледаше со очите на срцето, кое летна и ја одведе далеку од оваа куќа, од овој град...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште на првиот истрел мечката го остави зад себе раскинатото дивојарче и остана свртена накај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)