сексуален (прид.) - возбуда (имн.)

Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може тоа да си биде доволно за забавна и ведричка вечеринка, но таму нема да има сексуална возбуда – а како повод за мешање, како можност за романса, сигурно ќе биде тапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај сексуалната возбуда што ја предизвикува измешаноста на расите, треба да се каже дека црното, пигментот на темните раси, е како природно црвило кое избива од вештачкото црвило и создава убавина - не сексуална убавина: анимална и возвишена - што очајнички им недостасува на бледите лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во такви околности, учесниците можат да си дозволат да си ја распуштат косата и да не се прават подобри или посекси одошто се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)