селски (прид.) - гробишта (имн.)

Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мачно и празно ко селските гробишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Потковицата, рече, ниту имало досега, ниту, пак, отсега ќе има српски гробови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После, ко се примири, поп Цветан побарал да го однесат умрениот на селските гробишта и таму да го закопаат, но му се спротивстави Михаил Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)