селски (прид.) - дете (имн.)

Се дешава и од време на време да ти пролета некој од нив пред очи, дотеран ко селско дете за на вакцина, што претставува јасен знак дека иде на интервју.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Јас лично се почувствував дека сум способна и за многу повеќе отколку што бараа од мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како секое селско дете што се плаши и срами од туѓ човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, не сакав да заборавам или скријам дека бев едно селско дете, со образование од четврто одделение и дека секогаш требаше да покажам повеќе знаење и умеење од другите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А кој бил селско дете и кој ловел риби знае колку е тоа привлечно и колку знае да занесе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)