селски (прид.) - заедница (имн.)

Исконските пориви, инаетот, сомничавоста, подлоста, интригите, се дел од средината која регресира на уште пониско ниво на психологијата на малата, селска заедница која како да ја мотивираат само поривите на борба за самоодржување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А со оглед на тоа дека во овој роман станува збор за едно езеро и за браните што го загрозуваат животот, може да се помисли на една друга книга, Збогум на Матиора, од Сибирецот Валентин Распутин во кој една руска селска заедница, во советската епоха, мора да го напушти своето родно огниште, зашто во името на индустријализацијата и на одлуката донесена многу далеку одовде, нивниот крај ќе биде потопен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)