селски (прид.) - куќа (имн.)

„Арго“ супи и конзерви На излезот од кампот наидовме на селска куќа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малото маче - шареноглавче живеело во една селска куќа заедно со својата мајка, умната Шареноглавка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие остануваа во испразнетите селски куќи да ја чекаат суровата зима и длабоките снегови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Преку лето големата селска куќа на мојот дедо беше полна со живост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зорица Ѓеорѓиевска Животот од една слива (2014) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 На мојот брат Д-р Тихомир Крцкоски ЖИВОТОТ ОД ЕДНА СЛИВА Како дете долгите лета ги поминував во големата селска куќа на мојот дедо по мајка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ресторанот беше сместен во една мала селска куќа, наоколу со градина во која имаше засадено секакви растенија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ќе стигнеа во некоја замрачена селска куќа и тој од себе ќе почнеше да ги отфрла слоевите на униформата, како зелка што се лупи од надворешните скапани лисја, секогаш се изненадуваше од белината и од топлината на телото што ќе се појавеше најздола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По споредниот пат некаде накај Тетово, полн со дупки и длапки, се доклацкаа до рекламата со зајачето од „Плејбој“, единствената среде тивките селски куќи од која доаѓаше музика.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не виде немиена чинија, ѕидовите малку беа исчадени, но никаде немаше ни најмала пајажинка без кои селските куќи најчесто не се – ни по аглите на таванот ниту пак зад прозорците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дотолку повеќе што некој му кажа дека во Брезница има некаква селска куќа што функционира како мотел со неколку соби и дека стопанката, некоја Петра, е чудо за себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По повеќе од половина час заморувачко клинкање, кога Едо почна веќе да чувствува дека пределот околу него обраснат во зеленило нема доволно воздух за неговите гради, пристигнаа во некое село во кое згрмадените приземни селски куќи беа како напикани и задскриени под сенките на огромни дрвја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седиме во тремот на една суниска селска куќа, а месечината се истура озгора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекав да видам друго, сонував зрелост на 'рж во плетенки, два златни блиска преку ленена кошула, и сонував очи што беа пред тоа над мене додека лежев под дебелата, покривка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад селските куќи на ридот се постилаше зеленило прошарано со купови бадемов цут.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)