селски (прид.) - работа (имн.)

И кога на Митровден ги намнисуваа браќата Сукаловци за некоја селска работа, Стојо бегаше Опстраница и таму оставаше цела недела и две, а Илко се изговараше дека без бацка си Стоја тој ништо не знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вратчето некако подебелко отколку на тие што одат по селските работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој марифет и Бегот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Син ми, и тој е малку учен како тебе - нејќе да работи селска работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Јас завршив само четврто одделение. И со него дојдоа сите селски работи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Орде беше најголем, па, иако слаб и недораснат, мораше да се нагрби со сите тешки селски работи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бидејќи гален Силјан и аџамија, ич ќеф немаше да работи селска работа: орање нивјето, копањето лозјата, жниењето нивјето, вршењето и овците гледање оставени беа на Божина и на Божиница.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Селската работа е амална, ама немам гајле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)