сив (прид.) - или (сврз.)

Кога ставаше нужда, за час се наоѓаа на друга планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве ќе ти опишам една негова вообичаена неделна „демонстрација”: Напладне, кога пред единствениот чардак во околината ќе се собереа на илјадници туристи, се појавуваше Kosznovszki Marton со мотика на рамо и со векна од две кила под мишката, во пантолони што горе беа прешироки а долу претесни, со сив или црн шешир на главата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)