сигурен (прид.) - крај (имн.)

Ќе појде кај својот началник кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско. Еден сигурен крај, ништо повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Благодарение на великодушниот придонес на петербуршката клима се разви болест побргу отколку што можеше да се очекува и кога дојде докторот, откако му го измери пулсот, не се сети ништо да стори освен да му препише топли облози, единствено колку болниот да не остане без благотворната помош на медицината; а меѓутоа, истовремено му најави сигурен крај за ден-денипол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали Акакиј Акакиевич ги слушнал овие за него судбоносни зборови, и ако ги чул, дали тие оставиле врз него потресен впечаток, дали зажалил тој за својот макотрпен живот, ништо од тоа не се знае, зашто тој постојано имаше огница и бладаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
XXIV Преостануваше да се издржи уште финалната етапа од патувањето: Влора, Саранда и Бутринт, па неизоставно Ѓирокастра, родниот град на Водачот и на крајот по род­ниот град Поградец, конечно да се појде кон границата. Сигурниот крај на патувањето!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еден сигурен крај, ништо повеќе. На неа е се лаѓно - и ученичкиот фустан и плетенките и солзите на очните рабови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)