сигурен (прид.) - колку (прил.)

Ја сметав дури и за многу значаен залог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега и јас сум вмешан. Не сум сигурен колку можат да бидат разумни необмислените потфати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лежи таму, фиксиран во идното време, како претходница на смртта, исто толку сигурен колку што 99 му претходи на 100.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој не беше сигурен колку бунари имаше ископано пред да дојде во нашиот двор!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)