силен (прид.) - болка (имн.)

После овој немил настан – кој уредно е пријавен и од страна на самиот работодавач, таа веднаш се упатува во болница, каде ѝ е укажана прва медицинска помош, ѝ се отстрануваат остатоци од парчето емајл и се праќа на боледување – сѐ до ноември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Непосредно по несреќата, таа почнува да чувствува силни болки во левото око, а здравствената состојба прогресивно и се влошува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По три дена. Ноќ. После полноќ беше. Таа сети силни болови, толку многу силни, што преку неа како нож да ја исече.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— Десетина петнаесет дена — одвај изговори Андон истенка, оти дури и од зборувањето добиваше силни болки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Силна болка како со клешти му го стегаше секој дел од телото...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силна болка му го стегна челото. Тој беше ранет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ледениот страв дека силната болка може да ѝ го повреди бебето, или да го изгуби, конечно ја присили Рози да попушти и да му каже на Даниел дека е многу болна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги полневме ѓугумите со вода, во рацете чувствувавме силна болка од тежина и со тетеравење ги носевме истите кон дома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Стана, ја запали лојаницата и започна да го тресе заспаното тело на отец Ангелариј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1. На годишнината од смртта на блажен отец Климент Охридски, точно на полноќ, се разбуди отец Лаврентиј со силни болки во душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Над манастирот крај Бело Езеро беснееше силно невреме: секавици го параа езерото и цела вселена рикаше како рането животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рацете се испремрешкуваат во нестрплива желба да му ја стиснат неговата бледа и тенка рака што се губи меѓу нив и сеќава само силна болка во рачните коски. И не може да си ја оттргне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога дојде време да се породи Кала, почнаа истите маки какви што ги имаше порано: ја тресеа трески и од силни болки ѝ идеше да ја искубе косата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Помина бремениот период, Кала доби силни болки, почнаа трески да ја тресат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
При оваа помисла, силна болка му ги кинеше градите...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во таква силна болка веројат­но настапува крајот на животот, триумфот на самотијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случува, таа, постојано потиснувана, таа клета самота да избувне во вид на силна болка, со силен крик кој ја содржи сета тишина на премолчувањата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ништо Анка не можеше да го успокои: лелекаше на глас чувствувајќи силна болка и вина во душата - дека тој давајќи му ја ракијата за да го успокои - го отепа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но од раната што му беше под гушата, му проструја силна болка и го штрекна во срцето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Некои велат дека ја испил Чашата Хераклова. почувствувал силна болка во грбот небаре копје го прободело.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа истресе земја и прашина од себе и дури сега почувствува силна болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)