силен (прид.) - возбуда (имн.)

Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме обзеде силна возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прв пат во животот, од толку силна возбуда, тешко можеше да раководи со своите емоции.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постапно, го обземаше силна возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од силна возбуда, заборавив на весникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме обзеде силна возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби минутка-две ништо не се помрдна таму, па на момчето му мина мислата дека од силна возбуда, од напнато чекање, сето тоа му се причинило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не толку заради што му се исуши устата од силна возбуда, туку и за да провери дали букарите навистина, легнати така еден до друг и завиткани во влажна `ржаница ја држат студена водата, побара да му дадат вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Очекувајќи да чуе зошто е повикан, од силна возбуда, од нејасни и лоши претчувства, целиот потреперуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Обредот го следев со силна возбуда; во еден миг си помислив: „Навистина, каква врска има џезот со ова?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку јако ме привлече што подголтнав од што ми навре силна возбуда.272 ‌Велч веднаш го купил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа тврдо и убаво стокмени перници, диван да ти биде тоа целиот здраво достоен, како сите викторијански парчиња што сум ги видел; а грдана, готска, нападна папагалска раскошност просто плаче да си ја користиш, да ја седиш и да ја сакаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и каква милина е невиденоно црвено коњско влакно, сјајно како стаклена преѓа, богато и круто и бездушно, правено за оно да аби луѓе, а не луѓе да го абат него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ги состави сите делови од иконостасот, кога го виде склопен и готов, му ја разбрани нешто душата, го обзеде силна возбуда, и дури попот и луѓето пееја ”Христос воскресна...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На Арсо му се вие свет. Зошто е пак сега тоа? Ништо. Само силна возбуда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Испитувањата откриле дека сето тоа доаѓа по несвесна постапка, во момент на силна возбуда, потпалена од лажливите гласови на духот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред очите му излегуваше таа сцена што ја виде, а во ушите продолжи да му оѕвонува нивното кикотење измешано со силните звуци на аријата што идеше од радиото и заради која тие не го чуја кога влезе во претсобјето наоѓајќи ја вратата отклучена, која таа од силна возбуда, заборавила да ја заклучи, како што тоа и со него, понекогаш од силна возбуда, заборваше да ја заклучи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од тоа и нему силната возбуда му ја тресеше снагата, како треска да го тресе, како оган да се распалува во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме обзеде силна возбуда додека ја читав телеграмата на градоначалникот на Поградец со која ме повикуваа на свеченото доделување на титулата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во силна возбуда, по зборовите на благодарност, можев само да речам: Патрик, јас не верував...!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обзеде силна возбуда, нешто длабоко, длабоко во мене се вознемири.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Самата помисла на Елена во него раѓаше силна возбуда и копнеж да води љубов со неа (да не речеме, да ја плесне).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)