силен (прид.) - војска (имн.)

Но Словените добро се утврдија на целиот Полуостров, а особено во Македонија, каде што образуваа уште во VI столетие140 силна држава, против која Византијците упатија силна војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Цела ноќ ги мирисав дланките, и на перницата, до утрината, како стражар на силна војска, го чував мирисот на Луција. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја доби веста, имаше чувство дека таа е во врска со настанот што го исчекуваше, за кој првите навестувања ги доби не само во Виена, туку и во шепотливо пренесуваните вести за спорадичните депортации на Евреи надвор, додуша надвор од неговата диецеза, но со една иста дестинација: Аушвиц, Полска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Глас: Слонови наместо коњи, беше силна војската на Пор.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Да знае земјава да зборува, вели Мисајле Ковачот, не ќе може да докаже, ама нема е. Се спомнуваат силни војски и плашливи војски, се бара правина на кривина, а маката останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас против сите држави сум пукал, вели калајџијата од Крушово и видов дека нема најсилна војска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најсилна војска е онаа што не пука, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)