силен (прид.) - експлозија (имн.)

Пред да влезат во Оровник, се слушнаа три силни експлозии.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Силна експлозија на граната. Парчиња од камен му го спржија лицето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Силна експлозија го разнесе во воздух насипот што ги дели цвете преспански езера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ракетните бомби трескаа почесто од кога и да е порано, а во далечината повремено се слушаа силни експлозии чие потекло никој не можеше да го објасни и во врска со кои се ширеа неверојатни гласини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И започна со силни експлозии да ја потресува куќата од Китан. Разлетуваа парчиња камења од каменоломот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина, немало никој и кога паробродот сè уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само што градот малку се смирил, на 30 април тој пак бил потресен од силни експлозии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стег, на пример, само што ги чул силните експлозии, заедно со гавазите ги држел “на око“ влезовите на конзулатот, “знаејќи дека револуционерите нема да ги поштедат странските функционери“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По силната експлозија, Банката ја опфатил силен пожар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се разнесоа две силни експлозии и се крена висок столб вода.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога се разбуди, го чу езерото како рика и како бие со брановите на ѕидот; стрчна на прозорецот, но тој од силните удари на брановите по ѕидот, се заниша како при силна експлозија, пукна, се здроби и ветерот му влета в лице на Бандо опсипувајќи го со јадри капки дожд.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одеднаш се чу страшна и силна експлозија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)