силен (прид.) - ефект (имн.)

Меѓутоа, Солунските атентати, извршени неколку месеци пред Илинденското востание, претставувале најкрупен и најкрвав настан што предизвикал силен ефект во земјата, меѓу европската јавност и меѓу дипломатските кругови на Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој многу ги сакаше силните ефекти, сакаше наеднаш сосема да зачуди некого, а потоа да погледне отстрана каква гримаса ќе направи зачудениот по таквите зборови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)