силен (прид.) - жед (имн.)

Немало ништо помачно од силна жед, најден крај сините, чисти води на Езерото низ кое продолжуваше границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)