силен (прид.) - момент (имн.)

Во овие денови на одвоеност, во тие силни моменти и свети спомени барам утеха за нашата страсна, опојна, вечна љубов која ќе остане засекогаш таква.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)