силен (прид.) - пискот (имн.)

Однадвор повторно се слуша силен пискот и пукот, од младината, па меѓу пукотот ред расправии...собрани секоја вечер како на седница, незнаат што да прават со себе, револтирано бучно дискутираа за тешката економска состојба, удавени во немоќта: Што да се прави?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потем се слушна рапавиот, но силен пискот на локомотивчето и вовчето забревтано појде удолу. Кон новата станица на нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)