силен (прид.) - пламен (имн.)

Најпрво под нас блесна силен пламен, а потоа одекна грмеж, остар и задушлив, па почна да одзива и да се пренесува од планина до планина...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шумно лисје низ гора се стели, в честа гора гори силен пламен, а крај оган седат борци млади, ечи песна од јуначки гради: „Се бориме под Гоцево знаме!"
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Страшно! Никогаш такво нешто не сум видел досега: силен пламен, чад и раздробени парчиња се разлетаа на местото каде што беше авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И некој силен пламен ми се накрена. Ми го забра, ми го забради лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)