силен (прид.) - светлост (имн.)

Нѐ пречека силна светлост и шум на нејасни гласови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Глетката потсеќа на оние од разгледниците, а вие замислувате како го сечете мангото на четвртинки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И сѐ одеднаш молкна, се изгубија прекрасните и безбројни звуци на штотуку почнатата пролет, ништо, ништо не остана од таа убава, силна светлост. Мраз.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посвет­ло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствено што можев да видам беше кучето кое се преливаше во спектар од боите од виножитото; силна светлост зрачеше од неговото тело.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)