силен (прид.) - синџир (имн.)

Трипати се обидуваше отец Лаврентиј да избега од манастирот и да тргне кон Бугарија, но отец Ангелариј немаше друг избор, освен да го врзе за постела со силни синџири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отец Ангелариј скокна на нозе и здогледа кобна глетка: среде одајата, високо во воздух лебдеше креветот на кој беше врзан отец Лаврентиј и целата одаја се исполни со розова светлина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ, отец Ангелариј се пробуди од силен ветер: ветерот ги отвори прозорците со тресок, ги развеа покривките од постелите и ги оддува писанијата од масата за препишување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)