силен (прид.) - бел (прид.)

Од далеку повторно ја гледа Аниса качена на коњ, на истиот коњ што е на сликата: силен бел пастув, влакното му светка на сонцето, се прелива, како скапоцен камен; гривната му се вее развиорена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Има право, од долната страна на кувертата влегува силна бела светлина, дури може да е и од сонцето кое сигурно удира на оваа страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вратите и рамките на прозорците ги боеја со азурно сина боја, според андалузиската традиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со силна бела боја го премачкуваа називот на кафеанчето Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)