силен (прид.) - внатрешен (прид.)

Силен внатрешен порив постојано го гонеше да ѝ говори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Палестинското прашање првин се маргинализираше во земјата која ја претставувув, тогаш сета во грч од силните внатрешни националистички и дезинтегративни детонации, зајакнати и од почетоците на крајот на биполарната епоха...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минуваа години. И последните католички Албанци, блиските на Мајка Тереза, заминаа од градот крај реката, понесени не само од силниот внатрешен порив некаде да заминат, без надеж да се вратат, туку и поради можноста своите филигрански мајстории подобро да ги пласираат во крајбрежните градови на блиските мориња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкините солзи беа најтешките капки на судбината кои таа, по цена на силно внатрешно страдање, ги задржуваше потиснати длабоко во себе, во својата мајчинска суштина, како силни знаци на страдањето и на издржливоста, со крајна цел да се одбрани семејството, како тивка победа над поразот на кој бевме осудени во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како самото пишување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговите малку зборови, кога тивко ќе ги искажеше, минуваа низ силни внатрешни бариери, прекршувања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)