силен (прид.) - општествен (прид.)

Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата, со други зборови, можеби сѐ уште не се свесни дека прават избор на сексуалниот предмет (иако некои од нив можеби се мошне свесни за тоа, особено кога тој избор на предмет е некој нестандарден или неодобруван), но многу се будни за стандардното обродено и сексуално кодирање на конкретните конвенции за емоционално изразување – конвенции кои, од своја страна, им се потчинуваат на законите на жанрот и кои соодветствуваат на прагматичните генерички разграничености, како што е разграниченоста меѓу трагедијата и мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат. ‌Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, градејќи нестандардни емоционални врски со културните облици, тие практично го одбиваат силниот општествен повик да заземат конвенционални, хетеронормативни положби и практично се здобиваат со нестандардни сексуални и родови идентитети, идентификации и ориентации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)