сиромав (прид.) - човек (имн.)

Таков беше татко му на Орде. Тој беше сиромав човек и често одеше по другите села да спечали нешто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Божево чедо- рече попот. – Сиромав човек - жив ѓавол!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Тие итри, ама ние поитри. Сиромав човек, нели е жив ѓавол?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тој не е некој сиромав човек. Можеби не е ни богат, но и сиромав не е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)