сиромашен (прид.) - селски (прид.)

Овде-онде по гумната, како злато се жолтеа кочани пченка - сиромашната селска храна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ацо и Веселин, така се викаа, ги фрлиле на печалба, малата печалба и сиромашниот селски живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште во дворот таа се прегрна, се избакна и исплака со мајка си и сите влегоа во ниската сиромашна селска куќичка каде што наеднаш се постави трпеза и сите испоседнаа околу неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)