ситен (прид.) - дете (имн.)

Останаа претепани на сретсело попот, кефалијата, старците и жените со ситни деца да ги оплакуваат одведените свои блиски и изгорените домови. He заборави кадијата да ги собере сите здрави и напредни деца од 8-12 години, околу дваесетина, а да му ги подари пак на падишахот во Истанбул, како и оние пред десетина години со Ангелета Сирмев од Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од дарови за невестата треба да купиш само нежно син фустан за во матично (во бел нема шанси), дека е со фалинка и таа како тебе ,има напукнат брак, па сронат во стакленца ситни и такви исти ситни деца …неколку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)