ситен (прид.) - црн (прид.)

Така, и двете, со сосема различни пасамка на мислата во своите глави, седеа додека самракот како ситна црна пајакова мрежа во пластови паѓаше врз нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Па, што дека си Дедо Мраз – се поднасмеа лишавото лице на чпртавкото на кое ситните црни очички испиени од слепоочниците сосема ги снема – за мене името ништо не значи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ситните црни плодови го зголемуваа богатството и моќта на Мегалон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)