склон (прид.) - да (сврз.)

Ревносен, склон да суди, да попува, да морализира, да лечи, буквален: Може ли да биде пострејт?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа и не сме склони да гледаме овде некаква фронтална критика на социјалистичкото учење воопшто, туку на конкретните постапки на неговите поддржници – бугарските студенти во С.Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)