скопски (прид.) - бег (имн.)

Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се ревело, крвта плискала на камен. И исечени луѓето се тепале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На тој начин и овој табур напредуваше и ги зазеде селцата Манастир и Мелница, ги ограби, и кога дојде до Витолишта, го најде во него скопскиот бег со илјада души сила кој го правеше истото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Устабашијата Сефедин, како и Суљо-ага пред четиринаесет години однесе писмото лично до султанот и пак доби еден ферман кој гласеше: До скопскиот бег и до кадијата во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас, на пример, морав да кружам наоколу со месеци, а можеби и некоја година згора за да наидам на една од личностите што била заточена во безднава во далечните времиња на османлиското ропство по наредба на тогашниот скопски бег и кадија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)