скопски (прид.) - маало (имн.)

Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Внатре чинодејствуваше митрополитот дојден од црквичето „Свети Јован Претеча“, со уште двајца попови од скопските маала.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во скопските маала се вкрстувале судбините на многу луѓе, припадници на дваесетина различни народи дојдени од сите страни на Балканот, Медитеранот, на Средна и Западна Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)