скопски (прид.) - станица (имн.)

Уште на тргањето, на скопската станица, дознав дека во Париз живее Кире, наш карикатурист, а знаве каде тој може да биде, познавајќи го неговиот немирен дух.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пораки, збогувања, бакнежи, солзи и, така, возот се одлепи од скопската станица. Бил молер, па шивач...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кажуваат дека денеска пристигнале на скопската станица, дека не се само тие, моето семејство, туку дека има многу вагони полни со семејства.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од хотелот тој со пајтон се упатил кон скопската станица.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ден кога на скопската станица се качив во експресот Атина - Дортмунд, во возот имаше педесетина девојки од Скопје и Струмица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)